Сега е официјално – Кајли Миног (40) има совршен задник!
Британскиот психолог д-р Дејвид Холмс дошол до магична формула која тоа го докажува. Во своите пресметки, научникот користел бројчани вредности за обликот, заобленоста, цврстината, текстурата, односно целулитот, како и односот помеѓу струкот и колковите, па со формулата (S+C)x(B+F)/(T-V) заклучил дека популарната “џепна Венера“ има најдобар резултат – 80.
– Нејзиниот задник е горе-долу совршен. Досега немам сретнато подобар, вели др. Холмс. Задникот на Лили Ален (23) го оценува со 70.