Кајли Миног побарала помош од полицијата бидејќи веќе некое време добивала закани на Твитер. Популарната пејачка на својот налог напишала дека ги сака сите свои следбеници на Твитер, кои ги има повеќе од милион, освен еден кој и се заканувал, а потенцирала дека за тоа била алармирана полицијата.

Веднаш добила поддршка од своите фанови, а ова не е прв пат таа да има проблеми со закани и пореметени обожаватели. Во 2010 година била објавена фотографија на човек кој буквално кампувал пред куќата на нејзините родители носејќи рози и веренички прстен. Се воспоставило дека во прашање е поранешен поштар кој веќе бил осудуван за вознемирување на други познати личности, меѓу кои биле Џенифер Анистон и Лили Ален. Исто така таа во 2003 година добила повеќе од 700 писма со заканувачка содржина.