Австралиската пејачка Кајли Миног добила почесна диплома од англискиот универзитет за придонес во подигнувањето на свеста за ракот на дојката. Пејачката, на која во 2005 година и бил дијагностициран рак на дојката, станала почесна лекарка за здравствени науки при универзитетот Англија Раскин.
Изјавила дека многу била почестена со церемонијата и дека и било голема чест да биде еден од дипломците на универзитетот. Таа била оперирана од рак на дојката и била подлегната на лечење со хемотерапија. Таа инаку е дванаесеттата личност која ја добила оваа почесна диплома.