За австралиската пејачка може да се каже дека 2009-та година и била најдоходовна во нејзината кариера. Британските медиуми пренесуваат дека Кајли минатата година заработила повеќе од 5 милиони долари, или просечно по 15 илјади долари на ден.


Нејзината заработувачка покажува дека таа не ја изгубила комерцијалната привлечност, иако престанала да настапува откако и бил дијагностициран рак. Моментално го подготвува новиот албум кој би требало да излезе ова лето.