Во Мајами неодамна беше отворен ” Sugar Factory”, а специјален гостин на настанот беше Кајли Џенер. За таа прилика избрала провокативна облека поради која била во центарот на вниманието. На нејзиниот фустан имало се и сешто, и провиден материјал и шлиц и провокативно деколте. За некој ова би било премногу за една прилика, но не и за Кајли.

 

На фановите многу им се допадна нејзиниот изглед, а Кајли со уживање позирала. Нивното внимание измами широка насмевка на нејзиното лице. Ким Кардашиан, нејзината постара сестра, до неодамна беше најпровокативна во нивното семејство. Но, тогаш оваа девојка ги зеде работите во свои раце. Кајли веќе подолго време шокира со своите провокативни изданија. Во сето тоа има една цел, да стане најпозната ѕвезда во кланот Кардашиан-Џенер, а по се изгледа е на добар пат тоа и да го оствари.