Најмладата ѕвезда на семејството Кардашиан, Кајли Џенер, се почестила со нова куќа од 2,7 милони долари во Калабасас. Додека нејзината сестра Кендал го освојува светот на модата и сериозно се заканува да ја задрма популарноста на постарата сестра Ким Кардашиан, Кајли Џенер одлучила да троши пари и да ужива, и тоа сама.
Кајли, ќерка на Крис и Брус Џенер, наводно неодамна го пазарила новиот дом за себе во Калабасас за 2,7 милиони долари. Вилата има 450 квадратни метри, има пет спални соби и шест тоалети. Се наоѓа во елитен дел и припаѓа на ексклузивната заедница „Оакс“. Нејзиниот нов дом е само неколку блока оддалечен од куќата на незјините сестри Клои и Кортни Кардашиан.