Намјмладата од многубројните сестри на кланот Кардашиан – Џенер, Кајли, доби многу непристојна понуда. Имено, старлетата која неодамна наполни 18 години, од компанијата „Vivid Entertainment“ доби понуда заедно со своето момче, раперот Тиг, да сними порно филм за неверојатни 10 милиони долари.

 

Стив Хирш од Вивид вели дека токму порно снимката ја вивна Ким Кардашиан во ѕвездите, а сигурно така би било и со Кајли. Со тоа би била само многу попопуларна отколку што е сега. Според понудата, тие двајца би требало да снимат акција која трае најмалку 22 минути. Старлетата сеуште не даде одговор на оваа и тоа како непристојна понуда.