Лето е сезона на кајчиња, но дел од нив наместо по езерото „пловат“ на суво. Повеќе кајчиња со години стојат укотвено крај рекреативната патека после мостот. Тие толку се обраснати со трева што едвај се познаваат дека се кајчиња.


кајчиња во трева

Пред почетокот на секоја туристичка сезона надлежните апелираат до сопствениците на кајчињата истите да ги згрижат на соодветно место, но очигледно дека тоа не вродува со плод. Охрид сеуште нема марина или соодветен друг простор за чување на пловните објекти па така неретко, како во случајов,  кајчињата се оставаат (забораваат)  покрај пат.

ohridnews