Некогаш кајаци ги брануваа езерските води, а Охрид беше лидер во кајак кануто. Покрај охридските функцинираа и клубовите од Трпејца и Пештани. Кајак регатите организирани на охридското езеро беа празник за сите од најмлади до најстари. Сликата од тие натпревари е избледнета и ни оддалеку не е така идилична. Во Пештани кајаците стојат расфрлани вдлож крајбрежјето, неупотребливи и затрупани во песокот. Кој знае можеби еден ден, повторно ќе видат сонце, но и вода….

Фото Емилио
М.П.