Светската кајакарска федерација ги суспендираше македонските кајакари на дива и на мирна вода. Како причина за ваквиот потег се посочува постоење на неколку национални федерации во Македонија – една на дива вода и две на мирна вода.
Тоа значи дека нашите кајакари не можат да учествуваат на ниту еден натпревар (СП, СК…), независно во кој спорт, што е во организација на ИЦФ.
Засега барем суспензијата не важи за натпреварите кои се организирани под капата на Европската кајакарска федерација, на адреса на кајакарската федерација на дива вода пристигна потврда дека нивната пријава за учество на ЕП за јуниори и за јуниори до 23 год. во Братислава (23- 26 јули) е прифатена.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com