Кајл Каминг, откако пронашол змиски јајца во својата градина во Тонсвил, Квинсленд, добил контејнер во кој морал ад ги стави и да ги фрли, но наместо тоа тој ги сокрил во свето шкафче. Неколку седмици подоцна неговата мајка се шокирала кога го отворила шкафчето во спалната соба и открила кутија полна со мали австралиски смеѓи змии. госпоѓата рекла дека на детето му дала контејнер за јајцата, па тој настан го тргнала од паметот, мислејќи дека јајцата повеќе не се кај нив, се додека не ги пронашла змиите.
Иако количината отров кој го лачат овие змии е мала, отровот е многу токсичен што предизвикува пореметување во згрутчувањето на крвта, ја блокира работата на нервниот систем, и силно ги оштетува бубрезите. Според статистиката, од каснување на овие змии во Австралија умреле повеќе лица од сите останати змии заедно, па поради тоа се наоѓа на второто место најопасни змии на светот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com