Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30- годишен државјанин на Република Турција.

– На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот,  извршен е претрес  во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа,  во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот, кој е студент на универзитет во Струга, опојната дрога ја набавил во казино во Струга.

OhridNews