Спортска сала и станбено деловни објекти ќе се градат на просторот кај полигонот за мали спортови, дознава ohridnews.
Информацијата ја потврдуваат од Секторот за урбанизам, од каде информираат дека реализацијата на овој план е приоритет за Охрид во 2008 година.
„Според предвидениот план на просторот кај полигонот за мали спортови, предвидена е изградба на спортска сала и ние тој план ќе настојуваме да се реализира“, изјави за ohridnews, Бранко Арнаудовски, началник на Секторот за урбанизам.
На другиот дел кон улицата „Партизанска“ согласно ГУП предвидено е да се изгради станбен комплекс, објаснува Арнаудовски. Намерата е со реализиција на ваквиот план општината да го подмири долгот од нешто над 200 милиони денари кон градежната фирма Гранит која со судско извршно решение го доби во владение полигонот за мали спортови.
Г. Момироски