Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера го пронајде и го повика на разговор 30- годишниот косовски државјанин од Приштина, кој на 22 мај , во полициската станица во Струга беше пријавен за исчезнат. Пријавител беше неговиот татко од Приштина, според кого, утрото околу 9 часот синот ја напуштил куќата во Струга каде заеднички престојувале.
– По добиениот детален опис, работејќи на реализација на пријавениот настан, полициските службеници, вчера во раните утрински часови го забележаа лицето на кеј „Македонија“ во близина на пристаништето во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан димоски.
Со лицето бил извршен разговор во инспекторатот за странци во СВР Охрид каде е констатирано дека тој има остварено легален влез во Република Македонија, по што истиот е предаден на неговиот татко.
OhridNews