Авион на руската компанија „Саратов ерлајнз“ во кој имало 71 патник се срушил денеска во близина на Москва. Авионот „Ан-148“ исчезнал од радарот веднаш по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“.
Во несреќата нема преживеани патници ниту членови на екипажот, а леталото било старо 8 години.