Кај хотелот “Метропол“, ќе се гради аква парк вреден 30 милиони евра. Оваа информација ја потврдуваат и од локаната самоуправа која го подржува проектот. Зад изградбата на аква паркот стои англискиот менаџерски тим кој од неодамна стопанисува со хотелите “Метропол и “Белви“
Според информациите од локалната самоуправа намерите на англичаните се сериозни и аква паркот ќе почне да се гради годинава. Тој ќе биде сличен на аква паркот во Солун и ќе опслужува до 2000 посетители дневно.
Аква паркот во Белград – Србија
Со изградбата на аква паркот, како и со реализацијата на планираните проекти за изградба на голф игралишта и зимски центар на Галичица, за што од локалната сасмоуправа информираат дека во тек се преговори со заинтересирани инвеститори, Охрид како што велат оттаму, ќе ја збогати туристичаката понуда и ќе стане многу поконкурентен на светскиот пазар.