„На ден 04.08.2008 година во 23 часот и 40 минути, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во село Лескоец, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби лицето Сашо Т. роден 1972 година во Кавадарци а постојано живеел во Гетеборг-Шведска.
Незгодата се случила во момент кога сега покојниот Сашо управувајќи кон Охрид моторцикл марка ,,Хонда,, со шведски национални ознаки, изгубил контрола над моторциклот, излетал на десната страна од коловозот и удрил во метална ограда. Со здобиени тешки телесни повреди, истиот итно е пренесен во Општата болница во Охрид каде им подлегнал на повредите. По овластување на дежурен судија од Основниот суд во Охрид, на лице место извршен е криминалистичко-технички увид од страна на увидна екипа од СВР Охрид, стои во соопштението на СВР Охрид.