Одделението за праисторија од Охридскиот Завод и Музеј деновиве отпочна со истражувачки работи на просторот над црквата Свети Еразмо на северниот влез од градот, на кој според претпоставкитете на археологот Паско Кузман се наоѓа престолнината на старомакедонското племе Енгелани.
Станува збор за мошне значен локалитет кој прв пат бил истражуван од германски археолози во 1931 година. Се претпоставува дека тврдините ги изградил големиот македонски воин Филип Втори при своето прво доаѓање во охридската крајезерска област-Лихнитида,во 4 век п.н.е. Според претпоставките тврдината била изградена од огромни мегалитни камени блокови долги до 2 м. широки до 90 цм. и затоа називот на таа тврдина бил Киклопски тврдини нешто како во Микена и други позначајни тврдини од тие времиња на балканските простори.
Г. Момироски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com