Во врска со реакцијата на граѓани кои изразија загриженост за малото црквиче посветено на Св. Богородица кај Градиште, до нашата редакција се обрати Славчо Влавчески, кој не информираше дека не се работи за никаков вандализам или слично недело, туку дека црквичката се реконструира.

– На местото на старото црквиче наскоро ќе биде поставено ново црквиче кое веќе е изградено, истакна Влавчески.


Кај Градиште ќе се поставува ново црквиче

OhridNews