Планот за изградба на суперлуксузен хотел со голф терени во месноста Горица е во фаза на изготвување и тој наскоро ќе биде донесен, велат од Одделението за урбанизам при локалната самоуправа.

Просторот на кој се планира изградбата, соглано законот треба  да се урбанизира како градежно место во населено подрачје.“Постои иницијатива од Министерстрвото за транспорт и врски за урбанизирање на тој дел од сегашниот сервис на Горица па се до Орце Николов за изградба на голф терени и еден голем хотелски комплекс со поврпшина од околу 16.000 метри квардратни, за што веќе е отворена постапка“, ни изјави раководителот на одделнеието за урбанизам, Бранко Арнаудов.Постапката е во тек и мислам дека таа ќе заврши до првиот квартал од оваа година, рече Арнаудов.


ќе се игра голф во Охрид?

Одделението за урбанизам за реализација на програмата во 2007 година на располагање од буџетот има само 2 милиони денари, кои не се доволни. Оттаму велат дека програмата која опфаќа изработка на повеќе детални урбанистички планови и урбанистичлки планови за населени места и селата, ќе се реализира со средства од министрсвто за транспорт, на граѓаните и правните лица, а средства за легализација на изградените објекти ќе се бараат и од претпристапните фондови на ЕУ.

Со новиот закон не постои лимит колку објектите можат да се градат во висина, но основен услов за тоаа ќе биде обезбедениот паркинг на објектите, информираат од одделението за урбанизам. Порано висината на објектите во централното градско подрачје беше лимитирана на  21 метар. Во иднина покрај намената и површината која ќе ја зафаќа, објектот ќе мора да задоволува и одредени други законски услови врз основа на кои ќе се определува висината до која тој може да биде изграден, вели раководителот на урбанизам, Арнаудов.


Бранко Арнаудов

Од одделението за урбанизам информираат дека во тек е изработка  на Детален урбанистички план за Горица, Уурбанистички план за 4-та урбана зона (улица Гоце Делчев-Туристичка), за Лагадин, Пештани, улица 15 Корпус, 1-ва урбана зона-запад и Охридија каде со новиот Генерален урбанистички план е предвиден простор за домување.