На просторот кај Факултетот за туризам и организациони науки – ФТОН, ќе никне хотелски комплекс дознава ohridnews. Изградбата на хотелот е предвидена во Генералниот урбанистички план – ГУП, со кој се предвидува дислокација на факултетот во комплексот кај касарната. Професорите изненадени од ваквата идеја иницираа итна седница на Советот што ќе се одржи денеска.


Ќе никне ли хотел наместо факултетот?

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски на состанокот на Виенскиот економски форум што се одржа во саботата во Охрид најавил дека во министерството во тек е процедура за распишување тендер за изградба на два хотели  во Охрид. Едниот на просторот кај специјалната детска болница, а другиот на просторот кај  ФТОН. Токму ова втотрото ги збунило присутните професори од ФТОН. Министрот пак бил изненаден што професотите не знаеле за таквата идеја.

Професорите девовиве издејствувале итна седница на деканатот од каде се бара одговор кој,  како и кога побарал измена на  ГУП и пренамена на происторот. Професорите стравуваат дека зад зделката се кријат бизнис интереси кои негативно ќе се одразат на високообразовната институција. Од деканатот на ФТОН ни потврдија дека постои полан во Министерството за траанспорт за изградба на хотелски комплекс на просторот кај факултетот, но официјалниот став најавија дека ќе го соопштат по завршувањето на  седницата на наставно-научниот Совет што ќе се одржи денеска.

Г. Момироски