Веднаш по објавувањето на резултатите од микробиолошката анализа на квалитетот на водата во Билјанини извори, општинските служби реагираа и поставија табла со предупредување дека „водата не е за пиење“. Денес околу пладне забележливо беше разочарувањето кај луѓето што беа дојдени да полнат вода. Само се разладуваа, миеја раце. Но, имаше и такви како еден човек кој по говорот беше од источна Македонија, кој наполни шише вода и пиеше без никаква задршка. „Не гледам ништо поголемо од мене внатре (во водата). Сум пиел и ќе пијам од изворите“ ноншалатно одговори.
Заводот за здравствена заштита во јули направи се две микробиолошки анализи на водата и двете според квалитетот не одговараат за пиење. Во водата на Билјанини извори се пронајдени патолошки микроорганизми поради што водата не одговара на стандардите за пиење.
Спаско Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com