Во Лондон почна со работа првото кафуле во кое се е бесплатно, освен времето кое гостите го минуваат во него, а една минута чини три пени. Станува збор за рускиот ланец кафулиња „Зиферблат“ кој сега го добил својот прв објект во Британија. Името на кафулето е монета од рускиот и германскиот јазик и означува бројчаник на часовник. Идејата е во тоа гостите во кафулето да земат будилник од ормарот кога ќе влезат во кафулето и да го подесат времето, а алармот ќе се огласи по неговото истекување. Не постои минимално време кое гостите мораат да го минат во објектот.
Гостите на располагање имаат кафе, разни напитоци, бисквити, овошје, зеленчук, сурфање на интернет, па дури и имаат можност сами во кујната да припремат храна или да сварат кафе. Можат да отсвират и по некоја нота на клавир, а час од се она што кафулето нуди чини една фунта и 80 пени. Сопственикот на „Зиферблат“, Иван Митин, отворил десет кафулиња во Русија во изминативе две години и сега сака ширум светот да ја примени својата идеја. Рекол дека луѓето во Лондон се многу поспремни за ваквиот концепт и веднаш ја сватиле идејата. Останува да се види дали истата ќе биде „примена“ и дали е пожелно покрај вас да стои часовник додека пиете кафе и да ве опоменува кога времето ќе истече. За некои тоа е можеби опуштање, но за некои стрес.