Сопственикот на продавница и кафуле во Ирска, Петер Фицџералд, на својот излог поставил натпис дека не послужува гласни американци како ни патници кои доаѓаат со автобуски тури. Туристичкиот агент Морис Кемпбел го воочил натписот додека бил на одмор и таа фотографија ја ставил на твитер. Предизвикал бројни реакции ширум светот. Тој изјавил дека тоа навистина не е во ред и дека е одвратно. Станувало збор за исклучително туристички регион во Ирска.

На сопственикот се налутиле останатите жители на селото Вотервил кои не сакаат неговото однеусвањр да ги загрози добрите односи со американските туристи кои би можеле намерно да почнат да го заобиколуваат нивното место. Ирска минатата година ја посетиле милион американци. Алберт Волш, претседател на комората во Вотервил рекол дека на сите американци во нивното место ги очекува „гласно и пријателско добредојде“.