Ѕидовите на Ноу Нејм Бар (Безимено кафуле), наместо тапети или уметнички слики, се исполнети со банкноти од разни вредности. Се претпоставува дека вредноста на украсите е околу 50 000 долари. Гостите од средината на осумдесеттите години се потпишуваат на новчаниците и потоа ги лепат на ѕидовите и оставаат пораки.
Бидејќи не се знае од каде точно потекнува идејата, се зборува во кафулето влегувале многу илегални пари, па посетителите едноставно почнале да ги лепат ѕидовите.
Освен тоа што е модерна туристичка атракција, кафулето има и богата историја. Во триесеттите години бил јавна куќа, во педесеттите илегално казино и собиралиште на криминалците и мафијата. Десетина години подоцна, кафулето го презеле двајца Италијанци, кои отворено се фалеле дека ја продаваат најдобрата пица на светот!