Охриѓанецот Филип Кафтаноски и Бојан Милчевски ќе настапат на Балканското првенство во атлетика за младинци-ки (до 17 години) кое ќе се одржи во Анкара (Турција).

Милчевски ке настапи на 800 метри (личен резултат 1:55.85) и Филип Кафтаноски ќе настапи на 100 метри (личен резултат11.23) и 400 метри (личен резултат 51.79).

Двајцата атлетичари пред еден месец со исполнети норми настапија на Светското првенство за младинци-ки во Бресаноне, Италија, па за очекување е во конкуренција со нивните врсници од Балканот да се борат за некоја медаља.

Со двајцата атлетичари за Анкара заминаа и нивните тренери Божурка Ѓошевска и Влатко Димитров.

ohridnews