Охриѓанецот Филип Кафтаноски и Бојан Милчески од 8 до 12 јули во Бресаноне (Италија) ќе земат учество на 6-то Светско првенство во атлетика за млади малдинци-ки.
Филип Кафтаноски ќе настапи во дисциплината 100 метри. Нормата за оваа дисциплина е 11.35 секунди, а резултатот на Кафтаноски изнесува 11.32 секунди постигнат на 27 јуни на Меѓународниот атлетски митинг “Павел Павлов“ во Софија.
Бојан Милчевски ќе настапи во дисциплината 800 метри. Нормата за оваа дисциплина е 1:58.00, а резултатот на Милчевски со кој патува за Италија е 1:55.85 постигнат во на 31 мај на Меѓународниот атлетски митинг “Трофеј на Белград“ во Белград.
Ова е прв пат после 2005 година, кога Павле Симовски на 100 и 200 метри настапи на СП за млади младинци во Мароко, наши атлетичари да заминат на едно првенство со исполнети норми.
Во Бресаноне ќе настапат 1339 млади атлетичари од 180 земји. Најбројни се атлетичарите од САД со 51 пријавени атлетичари-ки, а потоа следува домаќинот Италија со 48 атлетичари-ки.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com