Во време на економска криза и плиток џеб, граѓаните прават споредби за чинењето на одредени услуги и производи во местото на живеење со другите градови. Вечна тема се цените во охридските угостителски објекти, па така наш читател прави паралела колку чини кафе во Струмица и Охрид.
Му кажувам за забелешкава на еден мој пријател, угостител, кој само се насмевна. Не е исто вели, точно, не може ни да биде. Во Солун или Париз е поскапо од Охрид, ама кириите ни се тука некаде, со високи давачки одат и високи цени. Веројатно имаат право и едниот и другиот. Наздравје кафето.