На сите ни е познато дека кафето го дехидрира организмот, но таа теорија се темели на истражување од далечната 1928 година.
Во морето од разни совети за здравиот живот, два секогаш се повторуваат-пијте осум чаши вода дневно и немојте да пиете повеќе од три шолји кафе, бидејќи го дехидрира организмот.
Научниците конечно се одлучиле да направат ново истражување, а резултатот е спротивен. Во истражувањето биле вклучени 50 испитаници, кои дневно пиеле четири шолји вода или кафе во текот на три дена, па потоа ја замениле течноста која ја пиеле. Резултатите од анализата на крвта и урината покажале дека организмот во двата случаи бил еднакво хидратизиран, по што митот за кафето како пијалок кој го дехидрира организмот заминува во историјата. Тоа, се разбира, не значи дека може да пиете кафе колку што сакате, бидејќи влијанието на кофеинот е негативно ако се претера со количината на внесот на кафе.