Ново истражување спроведено на Харвард сугерира дека почестата консумација на кафе е поврзана со помал ризик за развој на дијабетес тип 2.

Податоци собрани од 123 000 испитаници во текот на 4 години покажуваат дека зголемената консумација на кафе за повеќе од една шолја дневно би било можно да се поврзе со 11% намалување на изгледите за заболување од дијабетес тип 2 во следните 4 години.

Кај луѓето кои во набљудуваниот период ја намалиле консумацијата на кафе, воочена е за 17% поголема зачестеност на дијабетес тип 2 во следните 4 години, пишува стручното списание Diabetologia.

Истражувачите не се сигурни кои состојки од кафето може да влијаат на ризикот за дијабетес тип 2, но веруваат дека се работи за делување на низа антиоксиданти и други хранливи материи од кафето.

Поранешни експерименти укажуваат на постоење на причинско-последична врска помеѓу поголемиот внес на кафе и намалување на резистенцијата на инсулин.
Резистенцијата на хормонот инсулин е еден од знаците за предупредување за дијабетес. Во нова студија е утврдено дека кафето без кофеин не влијае на ризикот за развој на дијабетес тип 2.

 

извор: metro-portal.hr