Кафето го подобрува помнењето, се наведува во студијата која за прв пат детално ја проучувала поврзаноста помеѓу кофеинот и долгорочното помнење. Имено, околу 160 испитаници, стари од 18 до 30 години, посматрале слики со објекти кои требало да ги препознаат како предмети кои припаѓаат на екстериерот или ентериерот. После препознавањето, добиле по 200 милиграми кофеин, а следниот ден на старите објекти биле додадени нови, а испитаниците морале да ги препознаат старите, сличните и новите објекти во однос на оригиналните слики.

Авторите на студијата тврдат дека земањето на кофеин по завршувањето на задачата резултирало со бројни препознавања на сличните објекти во однос на останатите лица кои не добиле кофеин. Притоа, старите и новите објекти подеднакво добро ги препознавале обете групи. Испитувајќи ги различните дози кофеин на подобрувањето на помнењето покажало дека 200 милиграми кофеин има најсилно дејство, додека ефектот не бил воочен при помала или поголема доза. Постојат бројни објасунувања на механизмот на делувањето на кофеинот врзо подобрувањето на долгорочното помнење, но се очекува дека со понатамошни истражувања ќе се утврди точниот ефект на кофеинот врз организмот.