Фински научници ја проучувале навиката за пиење кафе кај 60.323 испитаници на возраст од 25 до 74 години низ период од 30 години. Резултатите покажале поврзаност помеѓу пиењето кафе и ризикот од рак на џигерот.


Кај испитаниците кои конзумирале најмногу кафе ризикот од карцином на џигерот е за 68 проценти помал во споредба со оние кои пиеле помалку кафе. Авторите на студијата од Финска, меѓутоа не успеале да го разјаснат начинот на кој кафето позитивно делува на џигерот.