Истражувањето над глувци кое го спровеле група јужнокорејски и американски научници покажало дека кафето е дбро за очите. Имено, хлорогеничната киселина, моќен оксиданс кој се наоѓа во кафето, го чува здравјето на очите така што спречува дегенерација на мрежницата и покрај стареењето. Научниците наведуваат дека едно кафе дневно е доволно да се избегнат очните болести кои се манифестираат со годините.

За време на експериментот, на глувците им бил даден азот монооксид, што требало кај нив да предизвика слепило. Меѓутоа, кај глувците кои биле лекувани со хлорогенична киселина не биле забележани никакви оштетувања на мрежницата. Мрежницата, која прима и организира визуелни информации, бара високо ниво на кислород. Во спротивно, станува посебно чуствителна на оскидативен срес и производство на слободни радикали, што доведува до оштетување на окото, дури и до губење на видот.