Француската кабелска телевизија Канал+ лансирала на пазарот сопствена марка кафе под назив “Insomny”, како би го промовирале својот нов сервис за изнамување серии и филмови. Во рекламата за ова каде за кое се вели дека е толку јако што „буди од мртвите“ е наведено следново: „ Зошто да спиете кога можете да гледате серии без престан?“
Како што пренесуваат француските медиуми, кафето “Insomny” може да се нарача преку интернет по цена од 4,99 евра за кутија од десет каксули за Неспресо апарат или 5,99 евра за паковање од 250 грама мелено кафе или кафе во зрно.