Многумина од нас прво пијат шолја кафе за да ги отворат очите и да се подготват за новиот ден, но тоа е многу лошо за варењето на храната.
Утринското кафе е омилен ритуал и голем дел од луѓето не можат да го замислат почетокот на денот без шолја од омиленото кафе. Но, иако кафето во нормални количини е добро за здравјето, токму кај таа прва шолја кафе ја правиме најголемата грешка.
Имено, ако испиете шолја црно кафе на празен желудник, што е најчест случај, ќе поттикнете создавање на желудочна киселина што не е добро ниту за оние со здрава дигестија, а уште помалку за оние кои патат од гастритис.
Покрај тоа, зголеменото излачување на киселина доведува до неудобно чувство за време на оброкот и проблеми со варењето, бидејќи протеините кои нема да успеат да се сварат, предизвикуваат надуеност, повраќање и горушица, а може да дојде и до иритација, воспаление или дури и рак на дебелото црево.
Се разбира, решението е едноставно-прво изедете нешто, макар корка леб, а ако тоа ви се чини невозможна мисија, додајте млеко во кафето.
извор:metro-portal.hr