Во финалето на Меморијалниот турнир посветен на Ѓоко Чингоски и професорот Васко Речкоски, што се одигра синоќа во Велгошти, се сретнаа екипите на Кафе бар 9 и Бомбаши.
Во интересен и неизвесен натпревар славеше Кафе бар 9 со 2:1.
Пехарот на победничката екипа и го врачи Илија Чингоски од Хотел „Чинго“ – генерален покровител на турнирот.
Третото место на турнирот го освои екипата на Вис Пој која во малото финале ја совлада екипата на Форт кафе.
За најдобар голман прогласен беше Стефан Шикалески од Форт кафе, а најдобар играч на турнирот е Кристијан Цацаноски од победничката екипа на Кафе бар 9.
Г.М.