„Каен, љубов на прв поглед“ е насловот на изложбата на фотографии од охриѓанецот Зоран Летра, која ќе се одржи вечерва во 20 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Изложбата е во организација на францускиот центар за соработка „Жан Моне“ од Скопје.


Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Франција, Жан-Клод Шлумберже. Настанот е дел од серијата манифестации во рамките на Нормандиска пролет во Македонија.

Летра е извршен директор на Фестивалот на француски филм во Охрид, издавач и професионален фотограф, кој направи фотографии од градот Каен, во францускиот регионот Долна Нормандија.

OhridNews