Екипите на Кадмо и Вилинец ќе се сретнат во големото финале на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2013“.

Вилинец за пласман во финалето и борба за најсветлото одличје го совлада бранителот на трофејот Бел Мерцедес со 3-1.

Тандемот на „црните“ Маркоски – Речкоски беа нерешлива енигма за „мечките“ кои не успеаја да обезбедат меч за одбрана титулата.

Во второто полуфинале во крајно неизвесен натпревар Кадмо со 5-4 извојува победа против Вис Пој и се пласираше во финалето.

Најзаслужен за триумфот на Кадмо со три погодоци беше Александар Толески, а по еднаш мрежата на „портокаловите“ ја затресија Гоце Толески и Нически. За Вис Пој погодоците ги постигнаа Ѓоргиоски и Матески.

Финалните натпревари од турнирот во мал фудбал „Велгошти 2013“ се играат в среда со почеток од 21 часот.

Мх.П.