Со голема забава угостителскиот бренд „Кадмо“, вечерва, ќе го одбележи 12 години постоење.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид. Следеше отворањето на познатиот лаунџ бар веднаш до барот во стариот дел на Охрид, кој е познат по најиновативната кујна и извонредните специјалитети, по што „Кадмо“ стана надалеку познат во земјава, а потоа и на плажата „Кадмо“.

Дванаесеттиот роденден „Кадмо“ ќе го одбележи со голема забава во барот во центарот на Охрид, на која ќе настапат единствените и оригинални „Броз“, како и „Bettis boob’s“, „High4“ и „Kukuzel“.

Забавата почнува во 22 часот.

Како што веќе објавивме, големата роденденска забава, е само најава за богатата зимска програма во „Кадмо“ која ќе биде промовирана деновиве.

OhridNews