Екипите на Кадмо и АСП Пак ќе сретнат во финалето од јубилејното петто издание на меморијалниот турнир „Лескоец 2015“.


Кадмо за пласман во големото финале го совлада тимот на Леанардо Пица со 4-3. „Црвените“ три пати имаа негатива, а во текот на мечот еднаш стигнаа до водство и го претворија во победа.


АСП Пак преку пеналите (5-4) обезбеди пласман во финалето елиминирајќи го тимот на Викса Пром откако регуларниот дел заврши 3-3.


Финалните натпревари од турнирот во мал фудбал на програмата се во четвроток со почеток во 20 часот.

Мх.П.