Екипите на Кадмо и Викса Пром се првите патници во полуфиналето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“.
Во четвртфиналните натпревари Кадмо славеше убедливо со 6-2 над тимот на Бел Мерцедес додека Викса Пром по изведувањето на пеналите (7-6) ја елиминираше Сатеска откако регуларниот дел заврши 2-2.
Во недела на програмата се преостанатите две четвртфиналиња по кои ќе се комплетираат полуфиналистите на турнирот во мал фудбал во Лескоец.
Резултати :
Кадмо – Бел Мерцедес 6-2
Викса Пром – Сатеска 2-2 (7-6)
Двојки :
20:30ч Леонардо Пица – Јован 2014 (Враништа)
21:30ч АСП Пак – Вис Пој
Ohridnews