Второпласираната екипа на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“, Кадмо донираше 10 000 денари од наградата за настраданите од поплавите во Скопје.


– Со овој потег сакаме да испратиме поттик до сите кои се во можност да донираат средства за нашите сограѓани. Ние сочуствуваме со погодените од временските неприлики и упатуваме поддршка да издржат во овие тешки моменти. – информираат од екипата на Кадмо.

Во финалето на турнирот „Велгошти 2016“, Кадмо претрпе пораз од АСП Пак по изведувањето на пеналите.

OhridNews