Кадетите на ГРК Охрид, вечерва во Битола, ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер со осум голови разлика и обезбедија пласман во Фајнал-форот.

Охрид имаше водство од три голови на крајот од првото полувреме со резултат 17:20 и успешно ја одржуваше разликата за до самиот крај на натпреварот да ја зголеми разликата на 8 голови и да слави победа во Битола со резултат 31:39.

Головите за победата над Еурофарм Пелистер ги постигнаа: Никола Ристевски -12, Владимир Наумовски – 12, Славчо Шулески – 9, Христијан Кочоски – 2, Лука Лангоски – 2, Дамјан Најдески – 1, Иво Спирковски – 1.

OhridNews