Нови три бода прокнижија викендов кадетите и младинците на ФК Охрид. Водечките на табелата охридските кадети со 13-2 го совладаа Новаци. Шест пати мрежата ја затресе Антонио Крстаноски, четири пати погоди Енгин Реџет, два пати Филип Трајковски и еднаш Валентин Кочоски.
Победа забележаа и младинците кои со 2-1 беа поуспешни од своите врсници. Меди и Вељаноски беа стрелци на головите.
Во наредното коло охриѓани на домашен терен ја пречекуваат екипата на Еуромилк.