Најголем број семејства со милионско богатство во долари се наоѓаат во САД, потоа следи Јапонија, додека Кина го зазела третото место, било наведено во извештајот на консултантската куќа Бостон Консалтин Груп. Во САД 5,9 милиони семејства поседуваат милионско богатство во долари, во Јапонија такви семејства има 1,5 милиони, а во Кина 1,3 милиони. Од Европските земји, најмногу семејства со милионско богатство има во Швајцарија, која се наоѓа на 11 место во светот. Инаку, 11,6 проценти од швајцарските семејства се милионери.

Втора најдобро пласирана европска земја во тој поглед е Белгија, која го зазела 12 место на листата. Од вкупно 4,6 милиони белгиски семејства, 147 илјади се милионери. Катар е прв на листата по пропорционалниот износ на семејно богатсво од повеќе од милион долари, бидејќи 14,3 проценти од катарските семејства имаат поголемо богатсвто од милион долари. Во светот има вкупно 13,8 милиони семејства со милионско богатство, што е 0,9 проценти на глобално ниво. Супер богати семејства пропорционално најмногу има во Хонг Конг каде тој однос изнесува 12 спрема 100 илјади.