Во текот на научните истражувања спроведени во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, утврдени беа бројни интересни факти за пештерите во Паркот, информираат од Црвен крст Охрид.
Во претстојниот период ќе презентираме некои од тие факти. Најголемата пештерска сала во Националниот парк Галичица се наоѓа во Бимбилова пештера. Истата е долга 30 метри, широка 15 метри и висока, исто така, 15 метри, велат од Црвен крст Охрид.
Фотографии направени во текот на истражувањата
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го реализираат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.
OhridNews
фото. Црвен крст Охрид