Вандали ноќеска повторно дивееле на рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица. Искршени се повеќе светилки, оштетена е инфраструктурата, а не биле поштедени и насадите со млади дрвја. Утрово граѓаните кои рекреираат тука затекнале грда слика.
Ова не е прв пат да бидат уништувани јавните добра на ова место. Општината со години најавува дека ќе постави камери на шеталиштето, но тие никако да се инсталираат. Вандалите минуваат неказнето, а градот секоја туристичка сезона трпи големи штети од девијантното однесување на поединци.
OhridNews