Охрид 2004 е блиску до Првата лига, Пелистер и Вардар се движат надолу, а Шкендија 79 како стојат работите ќе биде новиот шампион, додека пак репрезентативниот фудбал продолжува да тоне.
Тоа е моменталната слика на мак- фудбалот. Според ФИФА рејтингот се наоѓаме на 83 место, а тоа е -4 места од претходниот пат. Но да почекаме, следното рангирање ќе биде на 13 април, а со нашата “недружељубивост“ односно немање пријателски средби до тогаш, ништо чудо уште повеќе да и се доближиме на 100-ката.
Според селекторот Јонуз грешката за поразот од Р. Ирска беше кај голманот, иако според професионалните фудбалски принципи менаџерот, односно тренерот, а во случајов селекторот, треба да застане зад своите избраници. Нивните слабости и способности треба да ги знае најдобро тој. Не може топката секогаш да се префрла на некој друг, како на теренот така и надвор.
Каде се движи македонскиот фудбал? За жал сеуште никаде, но за среќа никогаш не е доцна. Со правилно и професионално однесување и работење, со почитување на правилата и прописите од ФИФА и УЕФА, успеале многу клубови и репрезентации.
В.Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com