Св. Климент Охридски Чудотворец се смета за еден од најзначајните светители воопшто во христијанската вера. Тој е почитуван исклучително во православниот свет поради неговата духовна и просветителска мисија, но еднакво е почитуван и од католичката црква. Моштите на Св. Климент Охридски, како и на многу други светители не почиваат на едно место. Иако тој се упокоил во Охрид во 916 година, каде е и погребан во црквата Св. Пантелејмон на Плаошник која самиот ја изградил, делови од неговите мошти денес се наоѓаат во многу цркви и манастири надвор од Охрид и Македонија.

Главата на светителот почива во манастирот Св. Јован во близина на Верија, Република Грција. 


Манастирот Св. Јован кај Верија

На познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ пред две години при научно – истражувачка мисија, чиј дел бил и тој, му се укажала прилика да ја фотографира оваа за нас бескрајно вредна реликвија.

Фотографиите од моштите на Св. Климент Охридски во манастирот Св. Јован кај Верија, кои ги направи нашиот сограѓанин Емил Јовановиќ, беа дел од големата изложба што се одржа на понтификалниот универзитет Урбаниана во Ватикан.

Дел од моштите на Св. Климент ден денес почиваат во Охрид.

Г.Момироски