Супербогатите за извесно време би можеле да добијат најексклузивна резиденција, свој сопствен град кој плови. „Freedom Ship“, компанија од Флорида работи на проект на истоимен пловечки град на кој ќе можат да живеат 40 илјади луѓе. Овој проект вреден десет милијарди долари моментално е во прва фаза, а тоа е конструкција на овој град. Freedom Ship за своите идни граѓани ќе биде траен дом на море, бидејќи според плановите на архитектите постојано ќе плови и на секои две години ќе го обиколува целиот свет. Неговите димензии се толкави што не постои пристаниште на светот каде овој град би можел да се укотви, а ќе биде тежок околу три милиони тони.
Но, на граѓаните на Freedom Ship брегот нема да им биде потребен, бидејќи во своето луксузно окружување на сред море ќе имаат се што им треба, училишта, болници, паркови, продавници, па дури и аеродром. Пловечкиот град ќе запира во морињата близу големите градови, така да граѓаните со глисери и авиони ќе можат да одат и малку на копно. Предвидено е 70 проценти од времето градот само да плута, а 30 проценти да плови од земја до земја. Градот ќе има и хотели, така да ќе може да прими и туристи, а капацитетот на гости по ден е десет илјади. За жителите и тусристите ќе се грижи екипаж од дури 20 илјади лица.